Македонија

Метео: Наутро студено, преку ден сончево и потопло

Минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 11 степени

По студеното утро, денеска нè очекува претежно сончево време со умерена облачност. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува слаб до умерен ветер, главно од југоисток.Минималните температури ќе бидат во интервал од  2 до 11 степени, а максималните од 19 до 27 степени.

Сончево ќе биде и во Скопје. УХМР најавува умерена облачност во котлината и слаб ветер од југоисточен правец. Температурите ќе се движат од минимални 7 до масимални 25 степени.

Тагови

Поврзани вести