Клима

Метео: Денеска се очекуваат локални дождови и снег на повисоките предели

Во текот на денешниот ден во претпладневните часови особено во западните предели ќе има локални послаби врнежи од дожд а на планините над 1500/1600 метри надморска височина ќе провејува снег. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи.

Повремено ќе засилува ветер од југоисточен правец особено во Повардарието.

Во Скопје  и околината исто така ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд а повремено ќе засилува ветер од југоисточен правец.

 

Тагови

Поврзани вести