Македонија

Метео денеска: Променливо облачно со сонце и услови за слаб локален дожд

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот променливо облачно со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје наутро со услови за појава на слаба магла, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 10°C, а максималната од 18 до 24°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

0 Берово, 2 Битола, 4 Струмица, 5 Тетово, Демир Капија, Маврови Анови, Лазарополе, 6 Скопје-Петровец, Прилеп, Претор, Штип, 7 Крива Паланка, Охрид, Велес, 8 Виница, Гевгелија, Кавадарци, Попова Шапка, 10 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Крушево.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 15.0, Преспанско Езеро 13.5, Дојранско Езеро 18.4.

Тагови

Поврзани вести