Клима

Метео: Викендов потопло, но ветровито – јужен ветер и дожд во западна Македонија

Пов влијание на циклонска активност со центар западно и северозападно од нас, односно некаде над Италија за време на викендов времето во Македонија ќе биде променливо облачно со засилен до повремено силен ветер од јужен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час и истиот ќе предизвика температурите да бидат во пораст, што значи дека ни следува затоплување на времето.

Во западните предели ќе има повремени локални врнежи од дожд а само на високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) ќе има повремени врнежи од снег.

Во Скопје  и околината викендов ќе има затоплување  и пораст на температурата а ќе дува  и повремено засилен ветер од јужен правец. Во делови од котлината ќе има услови и за проврнување на слаб дожд.

Што се однесува до температурите, тие викендов ќе бидат во позначителен пораст особено од недела  и тие ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени. Во значителен пораст ќе бидат и ноќните  и утринските температури и тие ќе бидат над нулата и во утринските часови.

Тагови

Поврзани вести