Култура
Македонското културно наследство претставено на престижниот саем за археологија и туризам во Италија
Управата за заштита на културното наследство го промовираше богатото културно наследство на Македонија на 26. Медитеранска берза за туризам и археологија во Пестум, Италија, еден од најпрестижните саеми во оваа област. На саемот беа презентирани ексклузивни публикации издадени од Управата, како и виртуелна прошетка низ значајни археолошки локалитети и цркви од Македонија, вклучувајќи ги Стоби, Хераклеја, Стибера, Цареви Кули, Бонче, Билазора, Виничко Кале, како и манастирите Зрзе, Трескавец, Курбиново и Шарената џамија. Овие содржини беа овозможени благодарение на соработката со невладината организација Концепт за култура Скопје.
На настанот учествуваа претставници од над 40 земји, со кои Управата оствари контакти за понатамошна соработка во областа на заштитата и промоцијата на културното наследство на Македонија.