ЕдукацијаКултура

Македонското Брајово писмо интегрирано на Android

Со воведувањето на македонската Брајова азбука на Android преку специјализирана тастатура, се отвораат нови можности за полесно и поефикасно користење на дигиталните уреди од страна на слепите и лицата со оштетен вид.

Преку апликацијата „Advance Braille Keyboard“, Android сега добива поддршка за македонското Брајово писмо, што им овозможува на корисниците да пишуваат и комуницираат на својот мајчин јазик без досегашните технички пречки. Оваа новина претставува важен исчекор во насока на поголема дигитална инклузија и еднакви можности за сите.

Кристијан Лазарев, кој работи во областа на пристапноста и инклузијата, истакнува дека со ова решение корисниците со оштетен вид добиваат пофункционална и поприлагодена тастатура, нешто што досега било тешко остварливо или зависело од ограничени алтернативи.

Овој чекор се смета за значаен напредок за технолошката достапност во Македонија, бидејќи придонесува кон порамноправен пристап до дигитални услуги, апликации и секојдневна комуникација, без разлика на физичките способности на корисниците.

Тагови

Поврзани вести