Клима
Македонија вртор ден под сахарска прашина, ноќва се очекува густ облак
Според дежурниот синоптичар во Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на денешниот ден и во текот на ноќта ќе има зголемена концентрација на сахарска прашина над целата територија на Македонија, а веќе од утре се очекува небото да се разведри.
Тмурното време кое беше предизвикано од прашината која веќе неколку дена ни доаѓа од Сахара, продолжува и денеска.
Според дежурниот синоптичар во Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на денешниот ден и во текот на ноќта ќе има зголемена концентрација на сахарска прашина над целата територија на Македонија, а веќе од утре се очекува небото да се разведри.
– Последниот ден од март помина во знакот на невообичаено топло време за овој период од годината. Поради изразеното јужно и југозападно струење на висина, од Сахара кај нас пристигна најавениот облак од прашина и песок, со што и атмосферата беше многу заматена, а времето e мачно и спарно – рече метео прогнозерот Славчо Попоски.
Облакот од прашина и песок од Сахара е над Балканскиот Полуостров, придружен со повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец.
Попоски вели дека денеска во Македонија се очекува максимумот на раниот летен топлотен Африкански бран, со што и температурите ќе бидат највисоки, а времето и понатаму ќе биде стабилно, суво и сончево, но со појава на умерена локална облачност. Во текот на денов ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Максималните дневни температури на воздухот денес во Македонија ќе се искачат во интервалот од 23 до 29 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие би можеле да се искачат до 30 степени. Не се исклучува можноста температурите во најтоплите предели некаде да се искачат дури и над 30 степени – вели Попоски.