Култура

„Мадам батерфлај“ со јапонската сопранистка Хироко Морита на 16 ноември во операта

Во рамките на „Месец на Пучини“, на 16 ноември од 20 часот во Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини. Во насловната улога ќе биде гостинката од Јапонија, сопранистката Хироко Морита, во улогата на Пинкертон ќе биде Ѓорѓи Цуцковски, а како Шарплес ќе настапи Флорин Естефан од Романија.

Во останатите улоги се Марика Поповиќ, Дејан Стоев, Невен Силјановски, Јане Дунимаглоски, Соња Пендовска-Мадевска, Валентина Димитриевска, Олег Цуцковски, Никола Стојчески, Марко Гапо, Александар Тарабунов и Огнен Здравковски во придружба на хорот и оркестарот на НОБ.

Диригент е Гркот Мирон Михајлидис, режијата е на Александар Текелиев од Бугарија, сценографијата на Живојин Трајановиќ, а костимографијата на Лира Грабул. Концерт-мајстор е Климент Тодороски, а хор-мајстори се Јасмина Ѓорѓеска и Ѓургица Дашиќ.

Тагови

Поврзани вести