Македонија

Локални избори 2025: Излезноста достигна 41,76%, убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и во вториот круг

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи, според освоените резултати од двата круга на локалните избори, ќе има градоначалници во Скопје и во 54 општини, односно вкупно 55 градоначалници низ државата.

Втора по ред по бројот на освоени градоначалнички места е коалиицијата Вреди со освоени девет општини.

Коалицијата на СДСМ има шест градоначалници.

НАИ освои четири градоначалнички места, а  ЗНАМ, Демократската партија на Турците и Унијата на Ромите, по еден градоначалник.

Две општини ќе ги водат независни кандидати.

Во вториот круг од локалните избори одржан вчера, се избираа градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. На 19 октомври, пак, во првиот круг, беа избрани 44 градоначалници.

Во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше вчера немаше гласање, а причина за тоа е недоволниот одѕив на гласачи во првиот круг, поради што ќе се спроведе нова изборна постапка во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати од локалните избори 2025.

Тагови

Поврзани вести