Ако нешто е препорачливо и здравствено корисно во овие екстремни горештини е консумацијата на лесни салати. Летото е период кој изобилува со различни видови на зеленчук и овошје, па така комбинациите за освежувачка салата се разновидни. Препорачуваме еден лесен оброк од салата со брокули, која ќе ви биде добродојдена во овој летен жежок период. Состојки 1 голема главица брокула 1 главица црвен кромид 50 гр суво грозје 50 гр излупени печени семки од сончоглед 50 гр печени бадеми 50 гр панцета Прелив: 150 гр кисела павлака сол бибер Брокулата исечкајте ја на помали цветчиња и варете ја на пареа 2-3 минути, а потоа прелијте ја со ледена вода да се излади целосно, добро исцедете ја. Во сад за мешање се ставаат ситно сечканиот црвен кромид, брокулата и сувото грозје, па се преливаат со павлаката, солта и биберот, се убаво се меша и се става во фрижидер неколку часа. Во меѓувреме, исечете ја панцетата на коцки и пропржете ја додека не стане крцкава. Пред сервирање во салатата додајте ги семките од сончоглед, сечканите печени бадеми и панцетата, сè убаво измешајте и послужете. Додадете ги овие состојки пред сервирање за да останат крцкави, т.е. за да не омекнат од преливот за салата.