Свет

Лавица шета по Берлин, полицијата ги предупредува граѓаните

Полицијата во Берлин, испрати предупредување дека голем грабливец, т.е. најверојатно лавица, е на слобода во предградијата на главниот град на Германија.

Жителите беа предупредени да не ги напуштаат своите домови и да ги чуваат своите миленици во затворени простории.

– Не знаеме од каде дошла. Зоолошките градини, парковите за животни, циркусите и објектите за заштита на животните во областа не пријавиле исчезната лавица, изјави претставник на полицијата.

Сведок ѝ дојавил полицијата за присуството на големата мачка откако ја снимил во грмушките. Има и сведоштва дека грабливката уловила и убила дива свиња.

Според полицијата, хеликоптери се користат за потрага по животното во предградието Клајнмахнов и околнте подрачја што се наоѓаат на јужната периферија на Берлин. Само тоа предградие има околу 20.000 жители.

Тагови

Поврзани вести