Свет
Крос: во Германиа ми е страв да ja пуштам керката сама да шета
Германскиот фудбалер Тони Крос на 35 години ја заврши играчката кариера. Последниот меч за Крос беше тој во дресот на германската репрезентација, во поразот од Шпанија со 1:2 во четвртфиналето на ЕП.
Крос цели 10 години играше за Реал Мадрид и на клупско ниво кариерата ја заврши на најдобар можен начин, со титули во Примера дивисион и Лигата на шампиони. Токму Шпанија ќе остане да биде земјата во која Крос ќе продолжи да живее, а не да се врати во родната Германија.
Изненадувачка беше изјавата на Крос дека Германија не е иста како пред 10 години, па затоа останува во Шпанија.
„Германија веќе не е земја каква што беше пред 10 години и тоа е поради масовната миграција. Прашањето околу масовната миграција стана премногу неконтролирано. Секаде има проблеми. Многу има метеж, премногу луѓе насекаде. Некои емигранти се добри луѓе, но ако не може да ги разликувате тие кои не се добри, на крајот ќе биде многу тешко“, рече Крос кој потоа додаде дека главна причина што не се враќа во Германија е бидејќи таму во голем град нема да може да ја пушти својата ќерка да излезе сама навечер.