Свет
Кралството со највисоки даноци Данска, воведува и дополнителен т.н. “еко данок” на авиобилетите
Кралството Данска во 2025 година ќе воведе еколошки данок на авиобилетите, во просек од 13,5 евра до 2030 година, соопшти данската влада, а се правда пред граѓаните со европската одлука за воведување таков данок.
„Сообраќајниот сектор моментално поминува низ брза зелена транзиција, а овој договор се однесува и на авијацијата. Секогаш ќе биде можно да се патува со авион, но тоа мора да биде направено на еколошки начин“ велат празните зборови на министерот за сообраќај на кралството, Томас Даниелсен.
Данокот, кој ќе се применува на летовите кои тргнуваат од Данска, ќе изнесува 30 круни (4 евра) за кратките летови кога ќе биде воведена во 2025 година и постепено ќе се зголемува на 50 круни до 2030 година. Данокот ќе биде поголем за средни и долги релации и ќе изнесува и до 410 круни до 2030 година.
Како што може да забележите и овој небулозен закон за одземање на пари од граѓаните нема никаква врска со екологија и заштита на животната средина освен просто полнење на буџетот на Данска кое важи за кралство со највисоки даноци на светот .