Македонија

Косоварите сеуште мислат дека ќе се шетаат низ Македонија како во времето на инсталираната квислиншка власт

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти дека во петокот упатило протестна нота до Македонија, барајќи итно и целосно објаснување во врска со инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка Вјоса Османи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на МНР, претседателката Османи била соочена со „несоодветен и незаконски третман“ од обезбедувањето на скопскиот аеродром.

Министерката (Доника) Грвала достави протестна нота до властите во  Македонија, барајќи итно и целосно објаснување за овој инцидент. Истовремено, побарано е македонските власти да преземат итни мерки за расветлување на случајот и да се погрижат вакви настани во иднина да не се повторуваат, се вели во соопштението на Министерството.

Грвала, според соопштението, веднаш по инцидентот, во четвртокот вечерта и во петокот се сретнала со амбасадорката на Македонија во Косово за да побара појаснување за случајот.

На претседателката Османи, според соопштението што го објави Претседателството, во четвртокот имало обид да ѝ се одземе телефонот од обезбедувањето на скопскиот аеродром. Дури, како што велат, имало обид и Османи физички да се оттурне.

Дали косоварите сеуште мислат дека ќе хараат во Македонија и ќе се однесуваат како каубои непочитувајќи ги македонските правила и закони? Тоа што им беше дозволено за време на владеењето на инсталираната квислиншка власт на Заев и неговата коалицијата на т.н.”косоварски партии” во Македонија па сеуште се однесуваат недоветно и не ги почитуваат полициските службеници и службените лица на Македонија.

За ова срамно однесување и непочитување на Македонската држава треба под иитно да и забрани влез на оваа персона која се претставува себеси како “претседател”!

Тагови

Поврзани вести