Култура

Концертот „Рене пее Буз“ е финалната најава на петтиот Котон Блуз фестивал во Скопје

По вечер посветена на Џо Кокер, „Рене пее блуз“ е вториот кураторски проект на Котон блуз фестивал за оваа година. Овој концерт ќе се одржи на 11 октомври во скопскиот клуб „Маракана“ и ќе биде последна најава на главниот настан на петтото издание на фестивалот, што ќе се случи во ноември.

Бендот го предводи пејачката Рената Симоновска, која ќе ја придружуваат гитаристите Владко Симоновски и Кристијан Магденовски, Коста Стевановски на бас и Иле Лулевски на тапани. Сите се по потекло од Битола и своевремено заедно свиреа во бендот „Мадафанк“.

Згора на тоа, вечерта музички ќе ја збогатат гостите Игор Станоески-Иги Мен, Венко Серафимов и Крсте Симоновски-Крч.

Билетите се по цена од 200 денари.

Тагови

Поврзани вести