Живот

Концепт на живот кој им помага на Норвежаните да уживаат во зимата

За Норвежаните како и за сите луѓе, многу се важни чистиот воздух и престојот во природа, дури и во зима кога температурите се под нулата.

Добро е познато дека нивните зими се долги и мрачни, но жителите успешно се справуваат со нив благодарение на концептот „фрилуфтслив“ (filuftsliv). Овој збор може да се преведе како „живот на свеж воздух“. Поимот донекаде е сличен на данскиот „хиге“ (hygge), но додека данскиот поим е за добро чувство дома, норвешкиот е за уживање надвор.

Фрилуфтслив е дел од норвешката традиција. Станува збор за прифаќање на животот надвор, дури и на студени температури, со цел подобро поврзување со природата и опуштање. Концептот не бара трошење пари за уживање. Може едноставно да одите на прошетка со семејството, да кампувате или да уживате во риболов.
Иако мнозинството од нас уживаат во ваквите активности, за Норвежаните тоа е страст и тие ги прават без разлика на временските услови. Според нив, уживањето во свеж воздух нема алтернатива.

За време на пандемијата, жителите на Осло користеле апликација која ги открива пешачките и планинарски патеки низ земјата, а во земјата има и Закон за рекреација на отворено, според кој секој жител има право да користи земја низ Норвешка за кампување, планинарење, скијање, возење велосипед итн, пренесува fakulteti.mk

Тагови

Поврзани вести