Свет

Комесарот за човекови права на Советот на Европа против правото за забрана за „пропагандата“ на ЛГБТ+ во училиштата?!

Минатата недела во бугарскиот парламент е донесен закон против „пропагандата“ на ЛГБТ+ во училиштата

Комесарот за човекови права на Советот на Европа е „длабоко вознемирен“(???) од законот донесен минатата недела во бугарскиот парламент против „пропагандата“ на ЛГБТ+ во училиштата и го повика претседателот Румен Радев да не го потпишува.

Зар не е човеково право да се донесе закон против „пропаганда“ на ЛГБТ+ во училиштата, зар има поголемо право од заштита на децата во училиштата од било која пропаганда!

„Длабоко сум загрижен поради неодамнешниот закон со кој се забранува ЛГБТ+ „пропаганда“ во училиштата“, напиша Мајкл О’Флаерти на социјалната мрежа Х.

„Го повикувам претседателот Радев да не го потпишува. Властите мора да се справат со дискриминацијата и непријателската реторика против ЛГБТ+ луѓето, вклучително и во пресрет на изборите“, додаде О’Флаерти.

-Со вакви неверојатни изјави излегоа лажните претставници за “човекови права на Советот на Европа” кои отворено бараат да има пропаганда во училиштата, звучи налудничаво но ова се нивните изјави.

 

Со измените што ги усвоија пратениците се забранува пропаганда, популаризација или поттикнување на кој било начин – директно или индиректно, во образовниот систем на идеи и ставови поврзани со „нетрадиционална сексуална ориентација и/или определување родов идентитет различен од биолошкиот“ .

Според Коалицијата „Заедно против насилството“, финансирана од лгбт заедницата, изгласаниот закон не е законски спроведлив и е во спротивност со Законот за заштита од дискриминација и Европската конвенција за човекови права. Во својот став, Коалицијата посочува дека во пленарната сала народните избраници користеле говор на омраза и целосно дискриминаторски изјави кои имаат тенденција да ги поткопаат темелите на демократијата и владеењето на правото, со вакви празни флоскули истите се правдаат пред народот.

Некои заради овој говор би можеле да бидат санкционирани според Законот за антидискриминација и Европската конвенција за човекови права, а со оваа реченица и директно се закануваат со апсење на сите неистомисленици односно со 99,99% од човековата популацијата.

Шефот на бугарската држава сè уште го нема потпишано указот за објавување на законот во Државен весник, а рокот за тоа е 15 дена од денот на донесувањето на законот. Тој можел да оствари право на вето, т.е. да го врати законот во Народното собрание на нова расправа.

 

Тагови

Поврзани вести