Храна

Коктел со јагоди

Во сезоната на јагоди ви предлагаме два коктела со ова овошје, едниот на база на џин, вториот со пенливо Просеко. Освежувачки и слатки, совршени за следното дружење со пријателите.

Јагоди со џин и нане 

  • Шест јагоди
  • Неколку листови свежо нане
  • 20 мл од омилениот џин
  • 60 мл минерална вода
  • Засладувач (стевиа, мед или агаве)
  • Малку сок од лимета
  • Скршен мраз

Половина од јагодите, нането, сокот од лимета и засладувачот се стваат во шејкер, малку се затресуваат и потоа благо се гмечат состојките за да пуштат арома. Се додаваат останатите состојки. Се декорира со малку јагоди и се ужива.

Просеко и јагоди

  • 150 мл Prosecco
  • 30 мл сируп од бозел
  • 1 лимета
  • Неколку листови нане
  • Неколку јагоди
  • Минерална вода по желба
  • Лимон по желба

Во чаша се ставаат сокот од лимета, две-три јагоди здробени за да пуштат арома, и скршен мраз, а потоа се додаваат просекото и сокот од бозел. По желба се додаваат минерална вода и кришки лимон. Коктелот се меша и се украсува со тенки кришки јагоди и малку нане.

Тагови

Поврзани вести