
Какви се луѓето родени во овој месец?
Издржливост – Луѓето родени во текот на овој месец се енергични и издржливи. Нивната склоност кон физички активности ги прави одлични спортисти, но и многу привлечни и секси личности.
Одважност – Тие се често тврдоглави и одважни личности. Нема да се смират додека не го исполнат замисленото. Одлично се соочуваат со сите препреки кои им доаѓаат на патот и не се плашат од опасните ситуации.
Љубопитност – Многу љубопитни личности кои не се откажуваат додека не ги дознаат сите детали за она што ги интересира. Нивната љубопитна природа прави да имаат знаење од многу области, но и да остварат работи за кои другите луѓе можат само да сонуваат.
Страст – Тие имаат страст за животот, страст во љубовта и страст за се што прават. Може да се каже дека ништо не прават половично. Ваквата нивна карактеристика е вистинска реткост.
Иновативност и лидерство – Тие се родени лидери кои можат да бидат одлични претприемачи ако излезат од својата сигурна зона. Имаат силни вештини и остар ум.