Свет

Камала Харис доби поддршка од Џо Бајден откако тој се повлече од претседателската трка

Актуелниот претседател на САД Џо Бајден вчера објави дека ја повлекува својата кандидатура на изборите закажани за во ноември и ја поддржа потпретседателката Камала Харис како кандидатка на Демократската партија, пренесува Радио Слободна Европа.

„Иако имав намера да барам повторен избор, верувам дека во најдобар интерес на мојата партија и земја да се откажам и да се фокусирам исклучиво на исполнување на своите должности како претседател до крајот на својот мандат“, соопшти Бајден на социјалната мрежа X (Твитер).

Венс: Харис лажеше за менталните способности на Бајден речиси четири години

 

Откако 81-годишниот американски претседател синоќа се повлече од трката за реизбор и ја поддржа кандидатурата на Камала Харис, Венс на мрежата Икс напиша дека „Џо Бајден е најлошиот претседател“ во последните 40 години.

„Џо Бајден е најлошиот претседател во мојот живот, а Камала Харис беше блиску до него во секој чекор. Во текот на изминатите четири години, таа ги потпиша Бајденовите политики за отворени граници и зелени измами кои ги зголемија трошоците за домување и за намирници“, напиша Венс.

Венс, сенатор од Охајо и кандидат за потпретседател на Доналд Трамп, рече дека Харис е одговорна „за сите овие неуспеси“ и додаде дека „лажела речиси четири години за менталните способности на Бајден, оптоварувајќи ја нацијата со претседател кој не може да ја врши работата“.

„Претседателот Трамп и јас сме подготвени да ја спасиме Америка, кој и да биде претседателски кандидат на демократите“, додаде Венс.

Во претходните денови, кога многу демократи бараа Бајден да се повлече, Венс посочи дека треба да поднесе оставка и од функцијата шеф на државата доколку се повлече од претседателската трка.

Главниот комитет на Републиканската партија синоќа се наврте на Камала Харис, бидејќи таа стана фаворит за кандидат на Демократската партија на претседателските избори во ноември.

„Секој неуспех што го видовме од Џо Бајден – повлекувањето од Авганистан, кризата на границата, разорната инфлација и слабеењето на Америка во странство – беше испорачан заедно со Камала Харис. Не само што Харис би била катастрофа во Белата куќа, туку таа, исто така, му помогна на Бајден да го прикрие влошеното здравје додека беше на функцијата, што го уништува нејзиниот кредибилитет“, соопшти Главниот комитет на Републиканската партија.

Откако Бајден синоќа ја поддржа Камала Харис во трката за претседателски кандидат на Демократската партија, тоа го направија и голем број истакнати личности од таа партија, како Бил и Хилари Клинтон, но не и поранешниот претседател Барак Обама.

Тагови

Поврзани вести