Клима
Какво време ќе донесе продолжениот викенд?
Доколку планирате да патувате за време на продолжениот викенд, тогаш временска прогноза нема убави вести за вас - нестабилното време ќе продолжи и во викендот што е пред нас.

До среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град. Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок.
Во краткото стабилизирање на времето, од недела се очекува повторно врнежи од дожд.
Нестабилно време со врнежи од дожд ќе се задржи до крајот на овој месец, но и почетокот на јуни.