Вода

Има до 11 милиони тони пластичен отпад на морското дно

Помеѓу 3 и 11 милиони тони пластичен отпад се насобрал на дното на светските океани, според студијата која овој месец ја објавија австралиските и канадските истражувачи. Со подводни возила на далечинско управување (ROV), овозможено е приближно квантифицирање на пластилниот отпад кој завршува на морското дно и одредување на местата на кои се насобира, пред да се распадне на мали делови и да се измеша со седиментот.

Иако и претходно се вршени проценки на количините на микропластика, студијата „Пластиката во длабокото море – Глобална проценка на акумулацијата на дното на океаните“, с езанимава со поголеми предмети како мрежи, чаши или пластични кеси.

Со оглед на тоа дека се очекува удвојување на користењето на пластика до 2040 година, за заштита на морските екосистеми и животинскиот свет клучно е да се разбере како и каде отпадот се преместува во океаните, тврдат научниците.

Загадувањето со пластика на морското дно би можело да биде 100 пати поголемо од количината на пластика која плови по површината, вели тимот од Универзитетот во Торонто. Така, дното на океаните станува долгорочно одлагалиште за најголем дел од пластичниот отпад. Според резултатите од студијата, 46% од проценетата пластична маса се наоѓа над 200 метри длабочина, а остатокот допира до длабочини од 11.000 метри.

Тагови

Поврзани вести