Култура
Изложба „Скопски урбани приказни 2024“ во ДЛУМ
Изложбата „Скопски урбани приказни 2024“ ќе биде отворена вечерва од 20,30 часот, во куќата на Друштвото на ликовни уметници.
На изложбата, која е дел од „Скопско лето“, уметниците Ана Ивановска, Доротеј Нешковски, Шќипе Мехмети, Сашо Блажес, Марина Лешкова, Давор Кешкец и Сокол Марковски, преку различни медиуми и инакви перцепции ќе ги претставуваат своите толкувања за Домот, не само како физички димензионирана структура, туку и како (ин)директно чувство на припадност, опуштеност и сигурност, како простор кој ја дефинира идентитетската определба, утопијата, реалноста.
Куратори на изложбата се Уметничкиот Совет и Маја Чанкуловска Михајловска.