Култура
Изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија во Галерија Ко Ра
Оваа изложба на ДЛУМ е дел од програмските активности и е можност за групно претставување на поновите истражувања и идеи во рамки на современата скулптура

Изложбата со наслов „СОВРЕМЕНА СКУЛПТУРА“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија ќе се отвори на 31 октомври во Галерија Ко Ра, Дом на култура ,,Кочо Рацин”, Скопје со почеток во 20 часот.
Оваа изложба на ДЛУМ е дел од програмските активности и е можност за групно претставување на поновите истражувања и идеи во рамки на современата скулптура.
Уметниците истражуваат и експериментираат низ формата и изразот, а нивните креативни авантури се материјализираат преку финалниот облик на идејата.
На изложбата ќе учествуваат со дела авторите: Нела Јанковска, Слободан Милошески, Стефан Анчевски, Златко Бојковски, Златко Глигоров, Анѓел Димовски Чауш, Христијан Качаревски, Маја Кировска, Перо Кованцалиев, Доротеј Нешовски, Синиша Новески, Славчо Павловски, Татјана Ристовска, Ана Димчевска Семенпеева и Гоце Стоилковски.
Секоја година семејството Митриќески доделува награда за најдобра скулптура, која што ќе биде соопштена на отворањето на изложбата.
Изложбата се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам на Р..Македонија.
Изложбата ќе биде отворена за посета до 11.11.2024 година.