Македонија

Извршителите лани со профит од 4 милиони евра!

Минатата година по разни основи, присилно се наплатени над 145 милиони евра. Тоа е сумата што ја реализирале 100 извршители за долговите што ги направиле физички и правни лица, но и државата.

Од фирмите должници, извршителите лани наплатиле 81,7 милиони евра, од граѓаните 40,5 милиони евра, а најмалку од државата – 23,4 милиони евра, покажува анализата на Пари.

За извршителите се смета дека одлично заработуваат на „туѓата мака“. Што и не е далеку од вистината

За услугата „наплата на долгови“, извршителите наплатиле околу 10 милиони евра, но кога ги подмириле своите трошоци, им останал чист профит од околу 4 милиони евра.

Овие околу 10 милиони евра приходи доаѓаат по три основи: сите заедно наплатиле за една година 552 илјади евра како надомест за обработка на предмети, 4,3 милиони евра за преземени извршни дејства и 5 милиони евра како награда за извршување. Сепак, мора да се нагласи, овие износи се без пресметан ДДВ.

Тоа е општата, заедничка слика за извршителите. Но, во зависност од тоа колку предмети добиле и реализирале, така остварувале и приходи.

ТОП 10 извршители по приходи:

ПРОЦЕНТОТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА Е 38,2%

Од судовите во државата извршителите лани примиле 152.079 барања за извршување. Целосно се завршени 58.201, со што процентот на реализација е 38,27 отсто. Речиси половина од износот е со скопско потекло. Со извршување на барањата од Основниот граѓански и од Основниот кривичен суд, од странките се наплатени 73,5 милиони евра. Извршителите оперираат на 11 територии, но другите, според износите, заостануваат зад главниот град. Како пример, сумата од 11,8 милиони евра е на втората позиција, но постигната е со здружени сили, односно со извршувањата по налози на основните судови од Велес, Гевгелија, Кавадарци и Неготино, пренесува порталот pari.mk

Тагови

Поврзани вести