ВестиСвет

Идејата за да исчистат цели загадени урбани региони

Во Пекинг, еден од најзагадените градови на светот, постои футуристична кула која го собира смогот и го претвора во чист воздух. Кулата потоа ги филтрира честичките од смогот и ги претвора во дијаманти. Проектот е дело на холандскиот уметник Дан Русегард. Кулата е неверојатно ефективна и веќе била користена во Ротердам, Пекинг и други градови. Работи на соларна енергија. Воздухот во местата каде што била поставена бил почист за дури 75 проценти.

Кулата е висока седум метри. Идејата за проектот е со текот на времето на овој начин да исчистат цели загадени урбани региони. Кулата уште се нарекува и најголема правосмукална во светот. Тоа е кула која го вовлекува загадениот воздух, го прочистува и испушта свеж и чист воздух во околината. Таа  го вшмукува смогот, ги отстранува ситните загадени честички и го ослободува прочистениот воздух преку вентили распоредени на шест страни.

Патентираната технологија работи според концептот сличен на системите за прочистување воздух кој се користат во болниците. За еден час, кулата може да прочисти дури 30.000 кубни метри воздух, при тоа не трошејќи струја повеќе од просечниот бојлер.

Собраните честички смог се рециклираат и од нив се прави накит. Имено, правот отстранет од 1000 кубни метри воздух се компресира во коцка и запечатува во структура која е изработена од смола. Коцката потоа се користи како декоративен детал на прстени или манжетни. Од смогот кој кулата го собира во еден ден можат да се направат 3.500 орнаменти.

Неговата следна кула ќе биде изградена во Индија која е исто така една од најзагадените земји на светот.

Тагови

Поврзани вести