Македонија
Земјотрес регистриран во Јужна Македонија
Земјотрес кој го погоди Лерин, а го стресе градот Битола и околината.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрира земјотрес на 124 км југозападно од Скопје, во Егејска Македонија.
Земјотресот се случи во 10.29 часот со Рихтерова локална магнитуда ML3.2 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Во Јужна Македонија во околината на Лерин и остантите места денеска се регистрирани повеќе земјотреси.