Живот

Земјотрес од 3,4 степени ноќеска почувствуван во Скопје

Земјотрес со сила од 3,4 степени по Рихтеровата скала е почувствуван ноќеска во Скопје.

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва, во 2.02 часот регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.4.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала“, се вели во официјалното соопштение.

Земјотресот бил на 23 километри источно од центарот на Скопје, на длабочина од 7 километри.

Тагови

Поврзани вести