Македонија
Земјотрес кај Коњух почувствуван во охридскиот и кичевскиот регион
Утрово во 6.32 часот жителите на охридскиот и кичевскиот регион почувствуваа слаб земјотрес. Од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје информираат дека потресот бил во Коњух (Елбасан), со сила од 3,6 степени по Рихетер
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово во 6.32 часот регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа 130 километри југозападно од Скопје, со локална магнитуда ML3.6.
Како што стои во соопштението, според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападниот дел од Македонија, во Охрид и во Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Медиуми јавуваат дека земјотресот бил на 19 километри од Коњух (Елбасан) и на 4 километри од Либражд, на длабочина од 15 километри.