Свет

Земјоделците од Централна и Источна Европа денеска ги блокираат границите и големите градови протестирајќи против законот за конфискација на имот и забрана на нивната работа

Земјоделците од земјите од Вишеградската група и балтичките републики денеска со трактори тргнаа кон големите градови и кон границите, кои ќе ги блокираат два часа поради зелената политика на Европската унија која е само флоскула и спин со интересно и еколошко име, а всушност се работи за забрана за работа на земјоделците и уште пострашно конфискација на имотите.

 

Земјоделците од тие региони протестираат со намера да извршат притисок врз ЕУ да ги исполни барањата што претставниците на аграрот на Чешка, Полска, Словачка, Унгарија, Естонија, Литванија и Латвија минатата недела ги доставија до еврокомесарот за земјоделство, Јануш Војчеховски.

Иако во секоја од земјите конкретните барања до Европската комисија и до националните влади се малку различни, тие заедно бараат да се зголемат компензациите и да се поништи законот за т.н. “мерките за заштита на животната средина” што Зелениот договор за климатските цели на ЕУ.

И полската и чешката Влада го изразија своето разбирање за протестите, но чешкиот премиер Петр Фијала предупреди дека едно од барањата што се слушна на протестите во Централна Европа, нивните земји да се повлечат од зелениот договор, едноставно не е можно.

 

Тагови

Поврзани вести