Македонија
Земјоделците од Егејска Македонија за денеска напладне закажаа протест со блокади на патни правци
Земјоделците од Егејска Македонија за денеска напладне закажаа протест на двата гранични премини.
На граничниот премин „Богородица“ земјоделци ќе одржат собир кој ќе започне околу 13 часот по локално време, односно околу 12 часот по македонско време. Се очекува дека сообраќајот на овој премин да биде блокиран неколку часа. Преминот „Меџитлија, пак, според локалните медиуми, ќе биде затворен во периодот од 12 до 16 часот по грчко, односно од 11 до 15 часот по македонско време
Во моментов на “Богородица” се паркирани околу 100 трактори и 5 комбајни.
Според најавите, се очекува големо учество на земјоделци со земјоделски возила, а блокадата ќе трае се додека не заврши протестот.
Протестираат против новиот закон на ЕУ под лажно име за заштита на животната средина кој всушност предвидува забрана на работа на малите земјоделци и конфискација на нивното земјиште.
По големиот протест во вторникот, кога земјоделците рекоа дека секој блок посебно ќе ги одреди своите чекори, земјоделците од Егејска Македонија се најактивни.