Клима

Зголемено ниво на реките и локален дожд

Зголемено ниво на реките во однос на просекот за декември се забележи уште од вчера на Пчиња кај Катлановска бања, на Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Црна Река кај Новаци, на Црн Дрим кај Ложани, како и на Сатеска кај Ботун, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Водостоите на Охридското и Препанското и на Дојранското Езеро според денешните мерења се во рамки на просекот.

Според прогнозата на УХМР, во текот на овој ден ќе има локани врнежи од дожд кои ќе се намалуваат во попладневните часови. До крајот на неделата следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура, освен во котлините каде ќе има појава на магла.

Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Тагови

Поврзани вести