динка од расата авганистански ‘рт која доаѓа од Чиле, по име Заида Бинт Мути Фон Хаусман ја освои титулата за најубаво куче нас светот, а среќата по победата не можеше да ја сокрие сопственикот и одгледувач Рамон Подеста Валензуела. Инаку, Заида веќе има голем број успеси зад себе на слични изложби. Зад себе оставил бобтел и шкотски териер. За прогласување на најубавите кучиња на светот беше одговорен професорот Никша Лемо, познат хрватски судија за сите раси, ветеринар и светски познат одгледувач. Женката по име Заида Бинт Мути Фон Хаусман го освои одличјето, заедно со својот сопственик и одгледувач Рамон Подеста Валенцуела. Инаку, Заида веќе има и бројни успеси на слични изложби. Зад себе овојпат „остави“ еден кусоопашест англиски овчар и шкотски териер. Здруженија и активисти за заштита на животните предупредуваат на големи злоупотреби на кучињата. Се наведуваат, во таа смисла, и случаи на парење кучиња во сродство, кога може да се родат болни кученца, а се предупредува и на поткупливи судии… Загрижените љубители истакнуваат дека тука нема љубов кон животните, а има подло искористување и нечесна заработка.