Македонија

Забрана за сообраќај на камиони и автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Поради врнежи од снег од 7.40 часот се воведува забрана за сообраќај за камиони и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка, соопшти ЈП „Македонијапат“. За другите  видови  возила е задолжителна употребата на зимска опрема.

ЈП „Македонијапат“ утрово информираше и дека поради обилни врнежи од снег од 6.50 часот е воведена забрана за сообраќај на камиони на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Автомотосојузот на Македонија соопшти дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Тагови

Поврзани вести