Живот

Животното за кое се сметало дека е изумрено пред 50 години

Сомалиска слонска земеровка (или сомалиски Сенги) е откриена во Африка откако се сметала дека исчезнала пред 50 години, објави „БордПанда“.

По извештаите за мистериозни набудувања, научниците се упатија кон земјата и го пронајдоа животното.

За да го фатат животното, поставија повеќе од 1.000 стапици на 12 места.

Како мамка користеле мешавина од путер од кикирики, овесна каша и квасец.

View this post on Instagram

FOUND: What is related to an elephant but the size of a mouse, has hindlimbs built like a gazelle for dashing, and had been lost to science since 1968? It’s the Somali Sengi, an adorable elephant-shrew recently rediscovered in Djibouti and the fifth of our 25 most wanted lost species to be found. Researchers from the @dukelemurcenter, Association Djibouti Nature, and the @calacademy (including legendary sengi researcher, the late Galen Rathbun) found that the Somali Sengi not only still exists, but appears to be doing fine. In a paper released today in@thepeerj, the authors make the recommendation to the IUCN Red List of Threatened Species to change the species’ status from Data Deficient to Least Concern. Follow our link in bio to learn more!

A post shared by Global Wildlife Conservation (@global_wildlife_conservation) on

Вреди да се спомене дека жителите на локалните места никогаш не сметале дека овие Сенги се изумрени.

Откривањето на сомалиските Сенги е првиот чекор во зачувување на истите. Научниците и конзерваторите сега ќе можат да се осигурат дека никогаш повеќе нема да исчезне, изјави Келси Нем од Wildlife Conservation за Би-Би-Си.

На прв поглед, тие изгледаат како глушец, но со мал нос сличен на трупот на слонот.

Тие се вообичаени само во Африка.

Тие живеат сами или формираат моногамни парови кои активно ја чуваат својата територија. Тие главно се хранат со без’рбетници како што се инсекти, пајаци, и слично.

Тагови

Поврзани вести