Клима
Жештините во Индија убиле повеќе од 50 луѓе за три дена
Повеќе од 50 луѓе загинале во Индија во изминатите три дена, бидејќи бруталните топлотни бранови продолжуваат да зафаќаат делови од земјата.
Околу 33 лица починале во текот на викендот во северната држава Утар Прадеш поради жештините.
„Во државата Одиша, околу 20 лица починаа од топлотен удар“, изјави официјален претставник за новинската агенција АНИ.
Многу од овие смртни случаи беа пријавени на 1 јуни кога Индија гласаше во последната фаза од гласањето за општите избори. Резултатите од изборите ќе бидат објавени на 4 јуни.
На секои пет години, општите избори се одржуваат во Индија во летните месеци април и мај. Но, годинава температурите се рекордно високи, а земјава ја доживува се почести, поинтензивни и подолги топлотни бранови.
Федералното министерство за здравство соопшти дека имало најмалку 56 потврдени смртни случаи од топлотен удар од 1 март до 30 мај. Во тој период биле пријавени околу 24 849 случаи на топлотен удар.
Сепак, податоците на државно ниво сугерираат дека реалната бројка може да биде многу поголема.