Вода

Есенско порибување на Мавровско езеро и река Радика

Вработените во националниот парк „Маврово“ денеска извршија есенско порибување на водите на територијата на паркот, согласно своите надлежности и планови за работа.

Мавровското езеро беше порибено со 200 килограми крап и 100 килограми поточна пастрмка (Salmo Faroides), а реката Радика со 100 кг поточна пастрмка (Salmo Faroides).

„Оваа е редовна активност на паркот и истата е според програмата за порибување и се реализира по втор пат оваа година. Првото или “пролетното” порибување за 2022 година се изврши во месец април. Целта на овие активности е збогатување на рибниот фонд на водите на територија на националниот парк“ информираат од НП Маврово.

Порибувањето се одвиваше на неколку локации по течението на реката Радика и Мавровското езеро.

Тагови

Поврзани вести