Култура
Доделување на традиционалните годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија за 2023 година
Друштвото на писателите на Македонија ве поканува на свеченото доделување на традиционалните годишни награди на ДПМ за 2023 година: „Стале Попов“ за најдобра прозна книга, „Ацо Шопов“ за најдобра збирка поезија, „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади и „Димитар Митрев“ за најдобра книга критика и есеистика. (Наградата „Мост“, за дело напишано на некој од јазиците на националностите во Македонија, оваа година нема да се додели поради недоволен број кандидати.)
Членовите на Управниот одбор на ДПМ се надеваат дека и Вие ќе бидете дел од церемонијата и со своето присуство ќе го збогатите овој важен настан за Друштвото на писателите на Македонија.
Свеченото доделување на годишните награди на ДПМ за 2023 година ќе се одржи денес во главната сала на ДПМ со почеток во 19:00 часот.