Свет
Двајца загинати во невреме во Бугарија
Во Варна е прогласена вонредна состојба, а властите предупредија дека невремето претставува ризик за жителите
Две лица ги загубија животите во невремето што зафати големи делови од Бугарија. Силните ветрови, дождот и снегот предизвикале сериозни штети при што прекинато е снабдувањето со електрична енергија во дел од градовите и селата, соопштија тамошните власти.
Синоаќа 43. годишна жена во Варна починала откако врз неа паднало дрво, соопшти бугарската полиција. Исто така повредени се и двајца спасувачи врз кои паднале скршени гранки.
Во Софија пак, животот го загуби 65. годишен возач, откако дрво паднало врз автомобилот во кој се наоѓал. Неговата сопруга е во болница и е во тешка состојба.
Во Варна е прогласена вонредна состојба, а властите предупредија дека невремето претставува ризик за жителите. Во градот дошло до прекин на снабдувањето со електрична енергија, а патиштата се блокирани.
Бугарските метеоролози денеска издадоа предупредувања за невреме во поголемиот дел од источна Бугарија, со удари од ветер до 125 километри на час.
Се очекува обилните врнежи од дожд да преминат во снег поради падот на температурата.