Македонија
Дали Албанија започна со распродажба на државата?
Премиерот на Албанија, Еди Рама и премиерката на Италија, Џорџија Мелони, пред два дена потпишаа договор , а кој се однесува на формирање мигрантски центри во Албанија со кои би управувала Италија.
Рама и Мелони по потпишувањето на договорот изјавија дека договорот е “историски” и за двете земји и за целата Европска унија, со оглед на тоа што ова е прв ваков договор во Европа.
„Договорот се состои во тоа што Албанија ќе и даде можност на Италија да користи некои области на албанската територија каде што Италија ќе може, на свој трошок и под нејзина јурисдикција, да создаде две структури каде што ќе може да формира центри за управување со илегални миграција“, се вели во него.
„Влегувањето на мигрантите во Албанија ќе се врши исклучиво со италијански бродови кои ќе се укотват на пристаништето. Со оглед на тоа дека албанската полиција ќе ја надгледува околината на базата, ќе бидат потребни нови сместувачки капацитети за нив. Очигледно, Италија ќе плати за ова исто така“, пишува La Stampa.
Ова дефакто е продажба на територии за цели кои се во најмала рака неморални и со сомнителен карактер. Вакви обиди за окупација на територии каде би се сместувале мигранти или затвореници не е нова од страна на западноевропските држави, но овој случај секако е маркантен и нов!
Македонија треба да реагира на одлуката со став дека овие продадени територии нема да бидат во јужниот и централниот дел на Албанската држава каде најголем дел од населението или мнозинство е со македонско етничко идентитет т.с. етнички македонци.
Да се надеваме дека оваа мерка нема да стигне и да се примени во Македонија со оглед на тоа во каква состојба сме поставено и која власт е поставена во моментов.
И останува едно интересно прашање, дали може Македонија да направи договор и да превзема територии во Албанија и да ги стави под нејзина директна контрола?