Свет
Гринпис: ЕЦБ го прекрши ветувањето дека ќе се бори против климатските промени
Активисти за заштита на животната средина од групата Гринпис денеска ја обвинија Европската централна банка (ЕЦБ) дека го прекршила ветувањето дека ќе се бори против климатските промени.
Според Гринпис, ЕЦБ мора да го исчисти своето портфолио и да ги отстрани компаниите кои се најголеми загадувачи на животната средина.
Централната банка на еврозоната минатата година почна да купува обврзници според еколошки критериуми, но овој месец целиот процес беше стопиран поради зголемената инфлација.
Една година подоцна, тие климатски обврски се прекршени, објави Гринпис во заедничкиот извештај со академици од три универзитети во Велика Британија.