Македонија

Времето денеска: Свежо утро, а преку ден сончево со темепература до 23 степени

И следните денови до крајот на неделата времето ќе биде стабилно со студени утра, кога температурите на одредени места ќе се спуштат и под нула степени. Сепак, дневната температура ќе биде без значителни промени

Утрото ќе биде свежи, а по одделни котлини и речни долини ќе има и појава на магла. Преку денот ќе биде сончево со максимални температури од 18 до 23 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Во Скопје утрото ќе биде студено, а во некои делови од котлината и магливо.

„Минималната тепература ќе биде во интервал од -1 до 7 степени, а максималната од 18 до 23 степени“,

велат од УХМР.

Во Скопје утрото ќе биде студено, а во некои делови од котлината и магливо.

„Минималната темпратура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 23 степени“,

стои во прогнозата на синоптичарите.

И следните денови до крајот на неделата времето ќе биде стабилно со студени утра, кога температурите на одредени места ќе се спуштат и под нула степени. Сепак, дневната температура ќе биде без значителни промени.

Тагови

Поврзани вести