Македонија
Времето денеска: Променливо облачно, во утринските часови со слаб локален дожд
Променливо облачно, во утринските часови со слаб локален дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието.
Во Скопје претежно облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минимална температура (во °C)
-2 Попова Шапка, -1 Маврови Анови, Лазарополе, 1 Крушево, 2 Берово, 3 Дебар, 4 Тетово, Претор, Битола, Прилеп, Куманово, 5 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Крива Паланка, Охрид, Штип, Виница, 6 Кавадарци, 7 Струмица, 8 Демир Капија, Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
4 Битола, Пожаране, Маврови Анови, Попова Шапка, 3 Тетово, Претор, Гевгелија, Крушево, 2 Прилеп, Кавадарци, 1 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Велес, Куманово, Берово, Пожаране, Лазарополе.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
40 Попова Шапка, 37 Маврови Анови, 18 Крушево, 5 Лазарополе.