Македонија
Во Егејска Македонија измерен најтопол декември во изминатите 15 години
Минатиот месец бил најтоплиот декември во изминатите 15 години во Јужна Македонија, според податоците од опсерваторијата во Атина и порталот „Метео“, јави дописничката на МИА од Атина.
Податоците се од мрежата од 52 метеоролошки станици кои работат од 2010 година, а во декември дневните температури биле екстремно високи речиси во целата Македонија споредбено со просекот од периодот 2010-2019 година.
-Декември се карактеризираше со многу денови со позитивни температурни отстапувања и беше најтоплиот декември од 2010 година. Во Јужна (Егејска) Македонија беа регистрирани најголеми позитивни температурни отстапувања, со просечни месечни вредности кои се движат до 3,3 степени Целзиусови над нормалните нивоа за сезоната.
Во Солун 24 дена во декември биле потопли од просечната вредност во периодот 2010-2019 година.