Култура
Во сабота (5 октомври) ќе се одржи јубилејното 20. издание на „Бела ноќ“ во Скопје
Во сабота (5 октомври) ќе се одржи јубилејното 20. издание на „Бела ноќ“ во Скопје.
Настанот ќе се одржи на повеќе локации, а организаторите посочија дека граѓаните ќе имаат можност да уживаат во театарски спектакл на отворено, музички настани, изложби, проекции, работилници и други културно-уметнички перформанси.
Во прилог погледнете ја целата програма:
ЈУ Универзална сала
- Концерт на музичко училиште „Ентерпрајз / Дефиле на француска театарска група „Compaigne des quidams“ (ЗД мапинг, спектакл на отворено) – Ибни Пајко, 20:00 часот
- Поп рок концерт на Култи Ватор – Школка, 20:00 часот
Младински културен центар
- Меѓународен фестивал на електронска музика со ди-џеј Томи Бојаџи (Македонија), ди-џеј Dee (Србија), ди-џеј Geri Kacerja (Албанија) како и видео артистот Петар Џон – клуб ресторан МКЦ, 22:00-06:00 часот
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци”
- Друштвени игри за раскажување приказни (интерактивна работилница за родители и деца), во соработка со Издавачката куќа. Сказнувалка” / Оддел за литература, 18:00 часот
НУ Музеј на македонската борба за самостојност
- Изложба 100 години од смртта на Арсениј Јовков – хол, приземје, 20:00 часот
- Изложба „Анатомија на муралот – Илинден 1903, Борко Лазески” – хол, кат, 20:00 часот
- Изложба за жените во македонската историја под наслов „И тие се херои“ – конференциска сала, 20:00 часот
Културно информативен центар – КИЦ
- „Effortless” – изложба на слики на Јана Луловска – Империјал 1, 20:00 часот
- Групна изложба на фотографии на Зрно Фестивал „Танцот на фотоните“ – Империјал II, 20:00 часот
- „Резонанца“ – Групна изложба по повод наградата Борко Лазески – продажен салон, 20:00 часот
- Концерт на Ана Мазнејкова на пијано под наслов „Годишни времиња“ – Салон 19:19, 21:00 часот
НУ Национална галерија
- Изложба „Сенки во облаците“ на Емил Шулајковски – Чифте Амам, 20:00 часот
- Јубилејна изложба по повод 120 години од раѓањето на Томо Владимирски – Даут Пашин Амам, 20:00 часот
Музеј на современа уметност
- Самостојни изложби на победниците на 14-тото меѓународно Биенале на млади уметници
- Изложба на Серхат Емрулаи со инсталацијата „Се селиме на нова локација”
- Изложба на Наџа Крачуновиќ „Во име на мајка, во презиме на татко”
- Изложба (исцртување на ѕидови) на Дан и Лиа Пержовски – хол, 20:00 часот
Музеј на град Скопје
- Настап на француска театарска група „Compaigne des quidams” со дефиле и спектакл на отворено, од Музеј на Град Скопје, улица Македонија, Плоштад Македонија, преку Камени мост па се до паркот Ибни Пајко – од Музеј на Град Скопје до Ибни Пајко, 19:45 часот
Кафуле „Излет”
- Изложба на постери, илустрации и стрипови на Славица Купенкова – 20:00 часот
Дом на култура „Кочо Рацин“
- Изложба под наслов „Бескрајна приказна за една точка“ на Марија Чепишева – галерија Ко-Ра, 20:00 часот
Лабораториум
- Мултимедијален микс на културни и уметнички изразувања кои го отелотворуваат духот на Скопје и неговата креативна заедница под наслов „Стоногалка“ – Европски универзитет, 20:00 часот
ДЛУМ (Друштво на ликовни уметници)
- Осветлено/илуминирано урбано наследство – булевар „Илинден“ бр. 63, 20:00 часот
Македонски народен театар МНТ
- Театарска претстава „Кец на десетка“, влез: бесплатен, подигнување билети на билетарата на МНТ од 19:00 часот – МНТ, 20:00 часот
ЈУ Детски културен центар Карпош
- Натпревар „Инструменти на моите предци“ – ДКЦ, 09:00 часот
- Ликовна изложба, ДКЦ, 12:00 часот
Кинотека на Македонија
- Проекција на филмот „A Bucket of Blood“ од Roger Corman – 20:00 часот
ЕХО Фестивал на планински филм
- Ноќно кино (прикажување на победнички филмови од минатите изданија“ – под бранатна на Матка, 20:00 часот