Едукација

Во пластично шише со литар вода има до 240.000 честички микропластика

Во новата пионерска студија, истражувачите открија дека водата во шишиња што се продава во продавниците може да содржи 10 до 100 пати повеќе парчиња пластика отколку што претходно се проценуваше. Станува збор за наночестички кои се толку мали што не можат да се видат под микроскоп.

Нанопластиката е толку мала што може да мигрира низ ткивата на дигестивниот тракт или белите дробови во крвотокот, дистрибуирајќи потенцијално штетни синтетички хемикалии низ телото и во клетките, велат експертите, а пренесува „Си-ен-ен“.

Научниците од Универзитетот Колумбија во Њујорк открија дека купечко шише со вода од еден литар може да содржи неверојатни 240.000 микроскопски пластични честички, што предизвикува загриженост за потенцијалните здравствени импликации, пишува „Њу саентист“ (New Scientist).

 

Потеклото на ова загадување со пластика лежи во различните човечки активности, вклучително и рибарската индустрија и отпадот од домаќинствата, што резултира со производство на милиони тони пластика годишно. Микропластиката, со големина од 1 микрометар до 5 милиметри, доминира во оваа еколошка криза.

Бејжан Јан, научник од Американскиот универзитет Колумбија, забележал дека микропластиката може да дејствува како преносник на загадувачите и патогените. Уште позагрижувачки е тоа што нанопластиката, со големина под 1 микрометар, има потенцијал да продре во слузницата на цревата, плацентата, па дури и во крвно-мозочната бариера.

Споменатиот научен тим смислил иновативна техника за откривање на оваа штетна нанопластика. Изложувајќи на ласери шест шишиња од еден литар со вода од американските супермаркети кои не беа откриени, тие идентификувале просечно 240.000 пластични честички во секое шише, односно до 100 пати повеќе отколку што покажаа претходните студии. Нанопластиката сочинува околу 90 отсто од тие честички, а само 10 отсто од тие нанопластики може да се идентификуваат, вклучувајќи го и полиетилен терефталат (ПЕТ), материјалот од кој се направени шишињата.

Јан сугерира дека слични нивоа на нанопластика би можеле да бидат присутни во шишињата со вода низ целиот свет, иако ова бара дополнително истражување. Целта на американските научници е да ја усовршат својата техника за подобрена детекција на нанопластиката. Дали истите имаат моќ е друго прашање во земја со изразито владеење на корпорациите.

Бидејќи државата т.с. властите можат да го забранат продавањето на вода и останати напитоци во пластични шишиња само во еден ден со носење закон за забрана, се поставува прашањето зашто не го прават тоа? Одговорот може да биде многу едноставен ако се знае кој раководи со државите и со големите корпорациски монополи кои продаваат вакви напитоци.

 

Тагови

Поврзани вести