Македонија

Во Охрид одбележан Денот на планината

Традиционално втора година по ред, по повод Светскиот ден на планината, во организација на ЗП Великамен, се реализира планинарска тура с. Велестово – Елен Врв – Планинарски дом Троуглеш

И покрај промената на временската прогноза од сончево, облачно и на крај снежно време, на акцијата присуствуваа околу 90 планинари и љубители на планината, деца и возрасни, од Охрид, Струга, Вевчани, Битола, Прилеп и Скопје.

Во планинарскиот дом Троуглеш, се послужуваше топол чај и освежителни пијалоци, вкусен планинарски грав и домашно лепче , а учесниците имаа можност да вкусат и македонски традиционални специјалитети подготвени.

 

Тагови

Поврзани вести