Клима
Во многу земји од Европа температурите за јануари достигнаа највисоко ниво на сите времиња
Температурите за јануари достигнаа највисоко ниво на сите времиња во голем број земји низ Европа.Националните рекорди на тепмературите паднаа во осум земји .Во Варшава главниот град на Полска беа измерени 18,9 целзиусови степени во неделата, додека во Билбао, Шпанија, имаше 25,1 целзиусови степени - повеќе од 10 целзиусови над просекот.

Благото европско време доаѓа додека Северна Америка се соочува со посериозни бури, неколку дена по смртоносниот зимски студ во кој загинаа повеќе од 60 лица.
Силен снег и замрзнат дожд се прогнозираат за делови од северниот дел на Средниот Запад, додека силни грмотевици и торнада се очекуваат во Тексас, Оклахома, Арканзас и Луизијана. Но, на европската страна на Атлантикот, на почетокот на годината времето беше благо на многу места.
Температурите во Холандија, Лихтенштајн, Литванија, Летонија, Чешка, Полска, Данска и Белорусија ги соборија националните рекорди.Рекордни високи температури на станиците беа соборени и во Германија, Франција и Украина.
Во Швајцарија, температурите достигнаа 20 степени целзиусови, а топлото време ги погоди скијачките центри низ Алпите, кои забележаа недостаток на снег.
Во Европа не е секаде топло, иако – пониски температури и снег се предвидуваат во делови од Скандинавија, во Москва се очекува температурата да се спушти до -20 степени целзиусови до викендот.