КлимаПрирода
Во ЕУ почнаа преговори за Законот за обнова на природата
Во рамките на ЕУ вчера официјално започнаа преговорите околу Законот за обнова на природата, кој за цел има обновување на запоставените копнени и водени површини, откако минатата недела Европскиот парламент ја одобри неговата нацрт-верзија.Но што навистина се крие позади ова прекрасно име и позади убавото оправдание?
Европската народна партија (ЕПП) се обиде да го блокира одобрувањето на предлогот, па така тој не помина на парламентарниот Комитетот за животна средина, јавно здравје и безбедност на храната кога по 44 европратеници гласа „за“ и „против“ неговото усвојување. Сепак, потоа беше поддржан на пленарната сесија на Европскиот парламент со 336 гласа „за“, 300 „против“ и 13 „воздржани“, благодарение на поддршката на пратеничките групи на Прогресивната алијасна на социјалстите и демократите, Левицата, Зелените и на либералната Обновена Европа.
Законот за обнова на природата го предложи Европската комисија на 22 минатиот месец како дел од Европскиот зелен договор, со задача да придонесе за долгорочно обновување на запоставените копнени и водени површини во ЕУ и да се постигнат целите на Унијата за заштита на климата и биолошката разновидност.
Но законот иако има убаво имe, има и лоша позадина, погледнете:
Спорно останува и прашањето околу надоместокот на сопствениците на земјиштето што ќе биде опфатено со мерките за обнова, значи сепак ова е класична конфискација. Комисијата предлага овие средства да се обезбедат од Програмата за животна средина на ЕУ (ЛИФЕ), но Европарламентот и Советот сметаат дека тие не се доволни и бараат обезбедување на нови механизми за финансирање по 2027 година.