Свет

Брана од времето на Римската империја, стара 2.000 години, спречи поплава во шпански град (ВИДЕО)

Според последните податоци, најмалку 158 лица загинале, а спасувачите се уште трагаат по исчезнатите во катстрофалните поплави што изминатите 48 часа го погодија регионот на Валенсија во Шпанија

Речиси неверојатна, но вистинска слика поврзана со смртоносните поплави во Шпанија доаѓа од општина во регионот на Арагон.

Како што пишува новинарот на „Политико“, Ајтор Хернандез-Моралес, известувајќи од Иберија, браната во општината Алмонасид де ла Куба издржала силен налет на вода, пренесува хрватски Индекс.

Нејзината изградба била наредена пред околу 2.000 години од римскиот император Август. Се наоѓа на реката Агуасвивас и е висока 34 метри, што ја прави највисока од сите зачувани римски брани во светот.

 

Тагови

Поврзани вести